-->
-->
Претставен најголемиот дрон во светот
-->
Американската стартап компанија „Аевум“ го претстави најголемиот дрон во светот, висок 5,4 метри, со распон на крилјата од 18,2 метри, должина од 24,3 метри и тежина од 25 тони.
Ова беспилотно летало е наменето за носење ракети, кои ги лансира во лет. Овие ракети потоа носат мали сателити, со тежина до 100 килограми, во орбитата на Земјата, пишува „Хил“.
Вселенското летало „Рејвен Х“ е првото на кое не му треба лансирна рампа за лансирање ракети во орбитата.
Се предвидува дека ќе може да испраќа сателит во вселената на секои три часа.
Дронот наликува на авион и лета како него, така што ќе ги намали трошоците за лансирање сателити, бидејќи користи обични аеродроми, за кои не е потребна скапа инфраструктура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ