Претседателот Пендаровски на средба со претставници од ромската заедница
Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите, претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Љатифа Шиковска, пратеничка во Собранието, Неждет Мустафа, претседател на Обединетата партија за еднаквост на Ромите – ОПЕР, Зоран Димов и Шенај Османов, претставници на Мрежата за застапување за трајни и системски решенија за интеграција на Ромите, со цел да се запознае со состојбите поврзани со ромската заедница.
На средбата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, било дискутирано за актуелните предизвици за интеграцијата на ромската заедница во општеството, како и за приоритетните активности за подобрување на положбата на Ромите во земјата.
Соговорниците за време на средбата го запознале претседателот на државата со тековните процеси поврзани со евидентирање на лицата без документација, подобрување на домувањето во ромските населби, зголемување на можностите за вработување, како и со застапувањето трајни системски решенија во насока на побрзо вклучување и интеграција на Ромите во државата.
Претседателот Пендаровски им го честита Меѓународниот ден на Ромите, посочувајќи дека ромската заедница претставува нераскинлив дел од општеството заедно со сите други народи во земјата. Тој истакна дека во насока на подобрување на состојбата на Ромите во општеството, ја изразува поддршката за заеднички ангажман на сите чинители во државата водејќи се по принципот на недискриминација, еднаквост и владеење на правото
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст