Претседателот на Собранието Џафери на Вториот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, во својство на претседател на Интер-партиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, денеска и утре во Прага, Чешка Република, ќе учествува на Вториот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа. Во состав на делегацијата се и пратениците Диме Велковски, Никола Мицевски и Арбер Адеми кои се членови на Групата.
Како што информира собраниската прес-служба, Џафери ќе има обраќање на Самитот, а на маргините ќе оствари билатерални средби со своите колеги.
Во 2021 година, Меѓународната Кримска платформа беше основана на Првиот инаугуративен самит во Киев, а Првиот Самит на Парламентарната димензија на Кримската Платформа се одржа на 24 и 25 октомври 2022 година во Загреб, Република Хрватска. Таа е единствен координативен и консултативен форум на владино, парламентарно и експертско ниво, кој се фокусира на пет приоритетни области: политика за непризнавање, санкции, зачувување на човекови права; слобода на навигација; економски и еколошки последици од привремената окупација.
Парламентарната димензија има за цел да ја подигне свеста кај светските лидери и пошироката јавност за нелегитимната руска окупација на Крим, нејзиното негативно влијание врз човековите права на локалното население, врз безбедноста во регионот на Црното Море, врз глобалната безбедност на храната како и на светскиот поредок заснован на правила. Овој Самит ќе се заокружи со усвојување на Заедничка декларација.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка