Претседателката Сиљановска – Давкова ја заврши работната посета на САД
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, со посета на македонската црква „Света Богородица“ во Детроит и средба со иселениците, ја заврши неколкудневната работна посета на САД, што беше организирана по повод 80.Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Претседателката се обрати на генералната дебата на тема „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“, а оствари средба и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Посетата ја започна со обраќање на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција на жените, по што присуствуваше на ручекот „Women Rise for All“ приреден од заменик генералната секретарка на ОН, Амина Мохамед, на приемот во чест на шефовите на делегации од Југоисточна Европа, организиран од Американско – балканската стопанска комора, како и на вечерата на високо ниво во рамки на Годишното заседание на Платформата на жени лидери при ГС на ОН.
Во Њујорк, Сиљановска – Давкова присуствуваше на приемот што го приреди американскиот претседател Доналд Трамп, како и на приемот за лидерите од Западен Балкан што го приреди високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.
Таа имаше обраќање на Годишниот самит на Конкордија, а се обрати и на пленарната сесија посветена на 30-годишнината од Светската програма за млади.
Претседателката Сиљановска – Давкова, во рамки на Светскиот лидерски форум, одржа предавање пред студентите на Универзитетот Колумбија во Њујорк.
Посетата во Њујорк ја заврши со прием по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со САД.
Во Детроит, Сиљановска – Давкова присуствуваше на гала вечера по повод 20-годишниот јубилеј на Обединетата македонска дијаспора, на која и беше доделена наградата „Глобален државник“.
МИА
Ново на Сител
-
Поранешната антикорупционерка Татјана Димитровска седна на обвинителна клупа
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Струга и Ресен
-
Шукова: Вардариште ќе биде модерна европска претоварна станица
-
Османи ветува одлучна борба со корупцијата во Чаир
-
Меџити: Нови училишта и градинки во Чаир
-
Падот на наталитетот е сериозен проблем и прв приоритет на владата
-
Протест на вработените во „Паркови и зеленило“
-
Продолжи судењето за таткото што претепа двајца малолетни фудбалери на ФК „Брегалница“ - Штип