Пренасочување на сообраќајот кај Кадрифаково

Сообраќајот на патниот правец Свети Николе - Штип денеска ќе биде пренасочен на делницата од клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат 526 на магистрален пат А3 и обратно до Клучка кај село Три Чешми по новоизградената коловозна лента.
Пренасочувањето ќе се врши од 14 часот поради изведување градежни работи на магистралниот пат А4 делница Свети Николе - Штип.
Поради асфалтирање во прекин во двата правци од 13 до 17 часот е и сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар на делот од Бошков мост до Мелнички мост. Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, овој патен правец ќе биде затворен до утре.
На останатите патишта низ државата соображајот се одвива по суви коловози.
Надвор од градските средини сообраќајот е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Ново на Сител
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
-

Со видео надзор ќе се решава проблемот со дивите депонии
-

Мостовите во Штип стари повеќе од пет децении пред реконструкција
-

Преглед на вестите од светот
-

Системски пропусти за загадената вода во Струга
-

Тема на денот со Андреј Лепавцов, претседател на Паневропска Унија во Македонија
-

Карневалски денови во Струмица
