Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
Премиерот на канадската покраина Онтарио, Даг Форд, денеска изјави дека привремено го суспендира планираниот намет од 25 отсто за извоз на електрична енергија во САД, откако американскиот секретар за трговија, Хауард Латник, се согласи на обновени трговски преговори.
Форд рече дека имал „продуктивен разговор“ со Латник во врска со економските односи меѓу САД и Канада.
– Се согласивме дека треба да надвладее разумот, изјави Форд пред новинарите, само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп ја заостри трговската војна со најава за зголемување на царините на увозот на канадски челик и алуминиум на 50 отсто.
Трамп ја објави оваа одлука веднаш по најавата на Форд за воведување на зголемената давачка за електрична енергија.
Форд додаде дека Латник се согласил да се сретне со него и со американскиот трговски претставник во Вашингтон во текот на утрешниот ден за да разговараат за обновување на трговскиот договор меѓу САД, Канада и Мексико.
Трамп претходно најави дека ќе воведе 25 отсто царини за увозни стоки од Канада почнувајќи од 2 април.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати