-->
-->
Премиерот Мицкоски во Салцбург на 20. Европски самит
-->
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Салцбург ќе учествува на 20. Европски самит посветен на Европската Унија, каде ќе има обраќање.
Мицкоски на фејсбук објави дека синоќа присуствувал на вечера, на покана на градоначалникот на покраината Салцбург и претседателот на институтот на европски региони, Франц Шаусбергер.
- На моите соговорници им ги пренесов нашите заложби и цели кон Европскиот пат на Македонија. Европа мора да ги отвори вратите за државите кои чекорат напред, наведува Мицкоски во објавата на ФБ.
Во вторник тој ќе има средба со претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен и со министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата