Премиерот и лидер на австралиската централно-левичарска Лабуристичка партија прогласи победа на парламентарните избори

Премиерот и лидер на австралиската централно-левичарска Лабуристичка партија, Ентони Албанезе прогласи победа на денешните парламентарни избори.
„Им се заблагодарувам на народот на Австралија што ми дадоа можност да продолжам да ѝ служам на најубавата земја во светот“, рече Албанезе во Сиднеј.
Претходно беше соопштено дека Лабуристичката партија победи на денешните парламентарни избори, по тешката трка во која од аутсајдер стана победник поради стравот на гласачите од влијанието на американскиот претседател Доналд Трамп, забележуваат агенциите.
Само пред неколку месеци, во февруари, десниот центар сè уште изгледаше како веројатен победник на гласањето, бидејќи гласачите ја обвинуваа владата на Албанезе за зголемувањето на трошоците за живот, што беше главното политичко прашање што влијаеше на општеството.
Но, сето тоа се промени по првите чекори на Трамп како претседател, со воведување на царини за земји низ целиот свет, вклучително и Австралија. Така гласачите им го свртеа грбот на австралиските конзервативци, кои се сметаа за премногу политички поврзани со американскиот претседател и кои водеа во анкетите за јавното мислење само неколку месеци претходно.
Албанезе е премиер од 2022 година, кога го замени Скот Морисон и коалицијата предводена од Либералната партија.
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
