-->
-->
Премиерот Груевски во посета на Кочани и Виница
-->

Премиерот Никола Груевски денеска ќе ги посети општините Кочани и Виница.
За време на посетата на Кочани, премиерот Груевски ќе изврши увид во изградбата на објект со 43 станови наменет за лица со социјален ризик и во изградбата на спортската сала во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“. Тој ќе присуствува и на отворањето на фабриката за ориз „Левидиагро“, а ќе оствари и средби со жителите на село Оризари.
Во Виница попладне премиерот Груевски ќе ја посети австриската компанија „Текспорт“ и ќе се сретне со жителите на селото Јакимово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки
-

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-

Ѓоковиќ ја „освои“ Атина и 101.турнир во својата кариера
-

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката
-

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември
-

Договор Унгарија-САД: Изземање од санкции за руски енергенси, Будимпешта купува американски ЛНГ
-

Протест во Тузла, се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички
-

Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“
