Премиерката на Србија ја прими македонскатата амбасадорка Вера Јовановска Типко
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска оствари средба со македонската амбасадорка во Белград Вера Јовановска - Типко, на која е разговарано за натамошното јакнење на добрососедските односи и на регионалната соработка.
Во соопштението од кабинетот на премиерката по средбата се наведува дека таа му пратила покана за посета на Белград на премиерот Зоран Заев, оценувајќи притоа дека средбата ќе биде позитивен исчекор во односите меѓу двете земји.
На средбата Брнабиќ нагласила дека двете држави имаат многу простор за развој на меѓусебните односи, особено во економијата и туризмот, нагласувајќи дека имплементацијата на Акциониот план за регионален економски простор на Западен Балкан е значајно прашање кое ќе ја олесни и подобри соработката.
На средбата српската премиерка и македонската амбасадорка се согласиле дека без политичка стабилност нема ни економски просперитет и дека искрениот и отворен дијалог е единствениот начин за надминување на сите отворени прашање, стои во соопштението од српската влада.
Во петок навечер во Белград македонската амбасада ќе организира свечен прием по повод Денот на независта 8-Септември, на кој се очекуваат највисоките преставници на српскиот државен врв.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
-
ДИК не донесе упатство