Македонија
28. November 2015 - 9:27

Премиера на операта Адријана Лекуврер во МОБ

Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Адријана Лекуврер“ од Франческо Чилеа.

Се работи за најизведуваното дело од овој автор, а во подготовката на премиерата учествуваше интернационална екипа. Режисер е Енрико Кастиљоне од Италија, сценограф  Александар Златовиќ, костимограф е Весна Радовиќ од Србија, хор мајстор Јасмина Ѓорѓеска-Серафимовска а кореограф е Олга Панго.

Насловната улога ја толкува Цветелина Василева од Бугарија, сопран, која настапувала на повеќе светски сцени, меѓу кои и на сцената на Метрополитен операта во Њу Јорк. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Учествуваат, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.