-->
-->
Премиер лигата воведува полуавтоматизирана технологија за проценка на офсајд
-->
Почнувајќи од 12 април на натпреварите во англиското фудбалско првенство ќе биде воведена полуавтоматизирана технологија за проценка на офсајд, соопшти вечерва Премиер лигата.
Технологијата е дизајнирана да ја подобри „брзината, ефикасноста и конзистентноста при донесувањето одлука во спорните офсајд ситуации“, се вели во соопштението.
„Технологијата обезбедува поефикасно поставување на виртуелната офсајд линија, користејќи оптичко следење на фудбалерот и генерира виртуелна графика за да обезбеди подобро искуство за навивачите“, се додава во соопштението.
Првиот премиерлигашки натпревар на кој ќе се користи технологијата ќе биде дуелот меѓу Кристал Палас и Манчестер Сити на 12 април.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани