Преку 70 отсто штети кај кајсиите во Росоманско

Ниските ноќни температури минатиот викенд предизвикаа штети кај овошките.
Како што рече денеска Паско Атанасов од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по обиколката на терен, поголеми штети има кај кајсиите, а помалку кај праските.
- Кај дрвцата кајсии штетите се над 70 проценти, а некаде и повеќе. Се работи за поголеми површини. Процентот на оштетувања кај праските е помал. Оштетувањата се најголеми по течението на реката Црна и во овоштарниците кои се на пониски делови. Зависи од конфигурацијата на теренот, каде се наоѓаат дрвцата кајсии и праски. Последиците од ниските температури се поголеми во падините и обратно, помали се во повисоките реони, појасни Атанасов.
Според него, дел од овоштарите ги пријавиле штетите, но имаат проблем со осигурувањето. - Некои од нив ги осигурале своите овоштарници, но осигурувањето ќе им важи од први април, а оштетувањата се случија претходно. Надомест на штета ќе немаат, па мислам дека треба да се размислува да се преземе нешто во оваа насока, нагласи Атанасов.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
