Прекинати испораките на гас од Германија за Полска преку гасоводот „Јамал“
Испораките на гас од Германија за Полска преку гасоводот „Јамал-Европа“ од изутринава се во прекин, додека руските испораки преку Украина до Европа се стабилни.
Меѓу шест и седум часот утринава излезните текови на мерното место Малнов, на германско-полската граница, беа на нула. Еден час претходно, од Германија во Полска пристигнале 1.305.783 киловат-часови гас, покажаа податоците од операторот на гасоводот Gascade.
Од друга страна, од утринава преку Украина во Словалка пристигнаа 41,3 милиони кубни метри гас, и тоа преку граничната точка Велка Капушани, како и ден претходно, покажуваат податоците на украинскиот преносен систем.
Рускиот производител на гас „Газпром“ денеска соопшти дека во Европа, преку Украина , ќе испорача 42,4 милиони кубни метри природен гас.
Во средината на ноември, Полска соопшти дека ќе го преземе имотот на рускиот гасен гигант „Газпром“, вклучувајќи и 48 отсто од акциите во „Еурополгаз“, сопственик на полскиот дел од гасоводот „Јамал“.
-Принудна управа ќе се грижи за безбедноста на клучната инфраструктура за транзитот на гас, изјави тогаш полскиот министер за развој Валдемар Буда.
Полска во септември воведе санкции кон „Газпром“, најавувајќи замрзнување на нејзиниот имот поради руската инвазија врз Украина.
Русија, од друга страна, го суспендираше извозот на гас во Полска, бидејќи Варшава одби да го плаќа во рубљи.
Ново на Сител
-
Хамас: Пронајдовме тело на уште еден заложник, ќе го предадеме ако „дозволат условите“
-
Локални избори 2025, вести во 16:00 на Сител Телевизија
-
Мирен изборен ден во Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци
-
Во Битола до 15 часот гласале 31,45 проценти од гласачите
-
Израел започна воздушни напади врз централна Газа
-
Излезноста до 15 часот на ниво на држава е 31,32%
-
Кац им наредил на ИДФ „силно да дејствуваат против терористичките цели на Хамас во Газа“
-
До 13 часот во Прилеп гласале 21,69, а во Крушево 33,88 проценти