Прекината 34-тата собраниска седница поради недоволен број присутни пратеници
Собраниската седница денеска почна по два часа од закажаниот термин и набргу беше прекината поради недоволен број присутни пратеници во салата.
Откако заменик-министерот за правда Агим Нухиу го образложи Предлогот поднесен од Владата за изменување и дополнување на Законот за прекршоци, по скратена постапка, кои се однесуваат на прекршоци во животната средина, гласањето беше поништено зашто немаше кворум и претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 34-та седница.
На почетокот на седницата беше констатирана оставка на Неда Чаловска од функцијата член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
На дневен ред на оваа седница се 70-ина точки, меѓу кои Предлог законот за дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка, Информацијата за Нацрт-концепцијата за основно образование, предлог-измени на законите за оружјето, за прекршоците против јавниот ред и мир, за патните исправи, за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Законот за здравствената заштита…
Ново на Сител
-

Традиционалниот словенечки појадок одбележан во Скопје под мотото „Мојот избор е словенечка храна“
-

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023
-

Од денеска се затвора патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица
-

Кривична против четири лица од Скопје, се заканиле со пиштол на едно лице и одзеле 188.600 денари и мобилен телефон
-

Божиновска: Енергетските реформи влегуваат во забрзана фаза - имаме план, имаме ред, имаме сигурност
-

Две лица во куќен притвор и мерки на претпазливост за седуммина кои се опфатени со истрагата за клубот „Пулс”
-

Во Велес се запалило возило во движење, оштетено и паркирано возило
-

Раст кај потрошувачки и станбени кредити, пад кај автомобилските кредити
