-->
-->
Прекатегоризиран дел од регионалниот пат кој минува низ Богданци
-->
Со владината одлука за измена на Одлуката за категоризација на државните патишта, која влезе во сила при крајот на септември, во делот на регионалните патишта извршени се измени со кои се опфаќа и главната сообраќајница која минува низ центарот на Богданци, потврдија денеска од општината.
Според измените, главната сообраќајница Маршал Тито, која беше дел од регионалниот пат Фурка-Гевгелија, се прекатегоризира од транзитен пат во улица, а наместо неа за дел од регионалниот пат е назначена обиколницата околу Богданци.
Од општината велат дека ова бил еден од неопходните чекори кои требало да се направат за да може непречено да почне реконструкцијата на обиколницата од страна на Јавното претпријатие за државни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции