Преј: Северна Кореја со електромагнетен пулс може да убие 90 отсто од жителите на САД

Севернокорејски напад со електромагнетен пулс (ЕМП) би можел да убие 90 проценти од жителите на САД и да ја оневозможи инфраструктурата потребна за живот.
Питер Винсент Прај, поранешниот нуклеарен стратег на ЦИА, изјави дека електромагнетниот напад на електрична мрежа може да биде катастрофален, објави „ИБ Тајмс“.
- САД би можеле да имаат 320 милиони жители само поради модерната технологија, рече Прај.
Според него, електромагнетскиот пулс би можел да ја уништи критичната инфраструктура која е потребна за толку голема популација.
Прај тврди дека, во случај на напад со ЕМП, испораката на храна во продавниците би била оневозможена во рок од три дена и дека 90 отсто од жителите на САД би го загубиле животот. Во извештајот е исто така заклучено дека превозот, средствата за комуникација и енергетските извори ќе бидат онеспособени.
Ново на Сител
-

Општина Кисела Вода го модернизира осветлувањето, ЛЕД светилки со паметен систем за контрола
-

МЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
