Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир

Украински преговарачи патуваат во САД за да ги разјаснат условите за потенцијален мировен договор со Русија, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски, по забелешките на американскиот претседател Доналд Трамп дека Киев го попречува крајот на војната.
Украинскиот тим активно работи со претставници на американскиот претседател, „наспроти сè“, објави Зеленски на социјалните мрежи, додавајќи дека состаноците се планирани за наредните денови.
Делегацијата ја сочинуваат секретарот на Советот за национална безбедност Рустем Умеров, новиот шеф на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, и пратеникот Давид Арахамија.
Киев се надева дека ќе има „повеќе јасност и за документите што веќе ги подготвивме со американската страна и за одговорот на Русија на целата дипломатска работа што е завршена“, напиша Зеленски на Телеграм.
Украинскиот лидер неодамна соопшти дека билатералниот документ со САД за безбедносни гаранции за неговата земја е „90 отсто подготвен“ за финализирање со Трамп, пренесе ДПА.
Ова следува по неколкунеделните преговори иницирани од американскиот претседател за ставање крај на војната, која почна кога рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на соседната земја во февруари 2022 година.
Американската страна разговара и со Украина и со европските сојузници, како и со Москва, но во моментов нема директни мировни преговори меѓу завојуваните страни, кои ги продолжуваат меѓусебните напади.
Руските ракетни напади и нападите со дронови врз украинските градови оставија милиони луѓе без греење или електрична енергија за време на една од најстудените зими во последните години, изјави вчера Зеленски.
– Украина никогаш не била и никогаш нема да биде камен на сопнување за мирот, напиша тој на X. „Кога Украинците остануваат без струја по 20 – 30 часа поради Русија, и кога руските напади се насочени кон уништување на нашиот енергетски систем и нашиот народ, тогаш Русија е таа врз која мора да се изврши притисок“, додаде тој.
МИА
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
