Преговорите со Македонија и Албанија на дневен ред на министрите на ЕУ
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел ќе разговараат за новата методологија за пристапни преговори предложена од Европската Комисија (ЕК), но нема да носат заклучоци додека не се објават извештаите за реформскиот напредок на Скопје и Тирана.
На дневниот ред на Советот за општи работи на ЕУ денеска се предвидени опширни дискусии за претстојниот лидерски самит и за преговорите за идното партнерство на ЕУ и Обединетото Кралство.
Откако ќе завршат овие дискусии, министрите предвидуваат информациска точка посветена на новата методологија за проширување што ја објави Европската Комисија пред неколку седмици. Се очекува да биде повторено дека реформата на оваа методологија треба да се одвива паралелно со отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија, но нема да можат да се носат никакви заклучоци сѐ додека земјите членки немаат увид во извештаите на ЕК за реформскиот напредок.
Овие извештаи треба да бидат објавени идната недела, најверојатно помеѓу втори и петти март, според информациите добиени во Советот на ЕУ.
Македонија ги исполни сите формални критериуми, а со носењето на законот за Јавно обвинителство, властите се надеваат дека на маса ќе биде уште еден аргумент во полза на отпочнувањето преговори во текот на оваа година.
Останува неизвесно како ќе се постават Холандија, Данска и Франција, кои се противат на проширувањето засега. Холандија и Данска имаат посебно резерви кон Албанија, но со оглед на тоа дека Франција, но и други земји, одбиваат одвојување на Скопје и Тирана, Хаг и Копенхаген не би имале избор освен повторно да блокираат. Во овој контекст е важно како ќе се произнесе холандскиот парламент по објавувањето на извештаите за реформскиот напредок.
Како и во октомври минатата година, владата на Холандија мора да го почитува ставот на парламентот. Тогаш холандските пратеници се изјаснија за почеток на преговорите со Македонија, но не и со Албанија, поради што Хаг ги блокираше и двете земји, бидејќи преовладеа ставот дека не може да се одвојат двете кандидатки.
Емануел Макрон подоцна објасни дека одвојувањето на двете земји би било „опасно“ и би имало негативни последици за целиот регион.
Ново на Сител
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари
-
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Валенсија
-
Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега
-
Бектеши останува во притвор, одлучи Апелациониот суд
-
ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција за потребата од подготвеност
-
Додека го апселе прилепчанец украл пиштол на полицаец
-
Исчезна 11-годишно дете од СОС Детско село
-
Викендот сончево и топло, следната седмица повремен дожд и појава на грмежи