Бизнис
23. March 2022 - 19:42

Преговори на Владата и синдикатите - Ќе има ли генерален штрајк на вработените во јавниот сектор?

Нема договор за скалесто зголемување на платите. По седницата на социо - економскиот совет дел од синдикалците најавија штрајк. Другиот дел продолжување на преговорите. 

Незадоволни се од КСС и СОНК. Според Ралповски, Владата не сака да разговара за усогласување на платите со минималецот од 18.000 денари, СОНК пак најавува генерален штрајк идниот месец.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пак смета дека разговорите треба да продолжат за да се дојде до решение кое же значиу повисоки плати согласно миниламецот.

Пари за поголеми плати во буџетот има, уверува вицепремиерот Битиќи. Во него е планирано платите во образование да се зголемат за 5%, нбара дијалогот да продолжи.

Согласно закон, минималната плата од 18.000 денари работниците ќе земат најдоцна до 15 април.