Loading Video...
Свет
18. October 2024 - 16:31

Преглед на вестите од светот

Израелската армија објави снимка од дрон за која вели дека ги покажува последните моменти од животот на лидерот на палестинската милитантна група Хамас, Јахја Синвар. Маскиран со отсечена рака, седи во фотеља сред урнатините на уништена зграда, а кога ќе го забележи дронот се обидува да го урне дронот со стап.

Војската потоа истрелала уште една граната врз зградата и го убива Синвар, според Даниел Хагари, армискиот портпарол на Изарел.  Акцијата се одвивала во јужна Газа. Синвар бил пронајден со панцир на себе, гранати и со 40,000 шекели или околу 10,000 долари, а идентификуван со медицинските податоци што за него останале кај израелската полиција и затворските власти од времето поминато во затвор.

- Имаме совпаѓања од ДНК, отпечаток од прст и забите на Јихја Синвар. Израелската полиција и затворската управа ги имаат сите овие податоци и ние всушност ги користевме претходните податоци за споредба“, изјави Командант на ​​израелската полиција на единицата за форнизичка помошник комесар Ализа Разиел.

„Овој човек (Јахја Синвар) планираше, иницираше, даваше наредби, егзекутираше и претпоставувам дека ако го оставивме жив, тој ќе продолжи да го прави тоа, изјави  Херзи Хелеви, израелски воен началник.

Синвар  се смета за главен архитект на нападот  во Јужен Израел од 7 октомври лани, со кој почна војната во Газа.  Во нападот беа убиени 1200 лица, главно цивили, а околу 250 луѓе беа земени како заложници и однесе во Газа.  Беше именуван за лидер на Хамас по убиството на политичкиот шеф, Исмаил Ханија, во Техеран во јули годинава. Премиерот на Израел порача дека оската на теророт изградена од Иран се урива, а убиството на Синвар го нарече почетокот на крајот на војната.

- До луѓето од Газа имам едноставна порака оваа војна може да заврши утре ако Хамас го остави оружјето и ги врати нашите заложници во Газа, а Израел ќе ја гарантира безбедноста на сите што ќе ги вратат нашите заложници. Но, до оние кои ќе им наштетат на нашите заложници, имам уште една порака: Израел ќе ве лови и ќе ве изведе пред лицето на правдата, порача Бенјамин Нетањаху, премиер на Израел.

Западните лидери и експерти се надеваат дека смртта на Синвар ќе ја отвори вратата за нова рунда преговори за заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. 

Според либански медиуми, Калед Мешал е назначен за вршител на должноста лидер на Хамас, а групата најави дека по убиството на Синвар, преговорите за размена на заробеници и завршување на војната ќе станува се потешко.

Од Иран порачаа дека смртта на Синвар нема да го ослабне духот на отпорот, додека  либански  Хезболах објави дека преминува на нова, засилена фаза од војната со Израел.