Loading Video...
Свет
15. October 2024 - 16:39

Преглед на вестите од светот

Бројот на Македонци во Црна Гора е намален, покажуваат резултатите од  пописот во 2023 година, што денеска ги објави тамошниот инстутут за статистика. Псоледниот попис отѕкрива дека во Црна Гора живеат  834 Македонци ,  или 66  помалку од пописот во 2011 . Најголем број декларирани Македонци има во Подгорица -301.   Според резулатите од пописот, во Црна Гроа живеат 633.158 жители ила за 2 проценти повеке од пописот во 2011 година. Најголем дел од населението се изјаснило како Црногорци, 256.436, додека 205.270 жители се изјасниле како Срби. Бошњаци има 58.956. Во споредба со пописот од 2011 година, бројот на Црногорците е намален за три отстот, додека бројот на Србите е зголемен за три отсто.  

Израелскиот премиер  утрово повторно побара од  мировните сили на ОН, УНИФИЛ   да се повлечат од Јужен Либан, поради интензивирање на копнените борби  помегу израелските војници и  борците на Хезболах и ранетите петмина мировници.

- Хезболах ги користи објектите и позициите на УНИФИЛ како покритие додека ги напаѓа израелските градови и заедници.  Жалиме за секоја штета нанесена на персоналот на УНИФИЛ и ИД прави се за да спречи такви инциденти. Но, најдобриот начин да се осигура безбедноста на персоналот на УНИФИЛ е УНИФИЛ да го послуша барањето на Израел и привремено да се извлече од опасноста, изјави Бенјамин Нетањаху, премиер на Израел.

ОН не го прифаќаат барањето на Изарел.  Мировници ќе останат на своите позиции во Јужен Либан за да мо помогнат на цивилните населена а завојуваните страни да ја почитуваат безбедноста на персоналот и објектите на УНИФИЛ изјави шефот на мировните операции на ОН.

Северна Кореја разнесе делови од своите патишта и железнички пруги  што ја поврзуваат  со Јужна Кореја.  Севернокроејскиот лидер Ким Јон Ун пред неколку дена најави дека има намера трајно да прекине некои од патиштата и железници  со Јужна Кореја а целта е како што рече заштита на националната безбедност.  Двете Кореи технички сè уште се во војна, бидејќи конфликтот од 1950 до 1953 година заврши со примирје, а не со мировен договор