Loading Video...
Свет
5. October 2024 - 19:54

Преглед на вестите од светот

Хашем Сафиедин, кој требаше да биде избран за нов лидер на либанската милитантна група Хезболах, од вчера е недостапен, изјави денеска за Ројтерс извор од либанските безбедносни сили.

Израел соопшти дека ноќеска го нападнал разузнавачкиот штаб на Хезболах, во голем воздушен напад врз Бејрут без повеќе детали.
Во меѓувреме се врши евакуација на цивили од Либан.

И Либан возвраќа со ракети. Израелската одбрана соопшти дека утрово пресретнала повеќе десетици.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го претстави „планот за победа“ на Киев за време на претстојниот состанок на западните сојузници во Германија.

Осврнувајќи се на стратегијата како „мир преку сила“, Зеленски рече дека „планот за победа предвидува неопходно зајакнување на Украина“.

Додека Зеленски бара помош, Русија продолжува со ракетирање. Во моментов цел на руската војска е енергетската и воената инфраструктура на Украина.