Loading Video...
Свет
23. February 2024 - 12:18

Преглед на вестите од светот

Во пожар на 14-катница во шпанскиот град Валенсија има најмалку четири жртви. Пожарот проголта голем дел од стамбена зграда во населбата Кампанар, а притоа се проширил и на соседната зграда. Информациите од спасувачките служби се дека 14 луѓе се повредени, од кои едно дете и шест пожарникари, а 19 лица се водат како исчезнати.

Повеќе од 20 противпожарни екипи учествуваа во гаснењето на огнот во зградата со 138 станови и беше дом на околу 450 луѓе. За спасување на станарите од повисоките катови пожарникарите користеле и кранови.

Пожарот се претпоставува дека избувнал на четвртиот кат и силните ветрови помогнле брзо да се прошири, но постојат сомнежи дека за тоа придонесла и високо запаливата облога на зградата.

Стручните лица излегоа со свое видување: внатрешноста на зградата содржела полиуретански материјали, кои веќе немаат широка примена поради страв од запаливост, дека облогата на зградата можеби придонесла кои биле надворешен слој на зградата се многу добри за изолација од топлина и студ, но и се многу запаливи. Состојбата е загрижувачка бидејќи се прават анализи дали постои ризик од уривање на зградата.

Израелската армија во напад со дрон уби еден припадник на Исламски џихад, цел на нападот беше Јасер Ханун, жител на Џенин и терорист на Исламски џихад. Тој бил вмешан во повеќе терористички напади во Израел. Палестинецот е убиен во секторот Џенин во окупираниот Западен Брег. Воедно Ханун претходно бил приведен поради воените активности на терористичката организација. Тој се подготвуваше да изврши уште еден напад, се наведува во соопштението на израелската армија.

Според палестинското Министерство за здравство од почетокот на војната на 7 октомври минатата година израелските сили убиле повеќе од 360 луѓе во Западниот Брег.

Постојаните напади на јеменските бунтовници Хути врз комерцијални бродови во Црвеното Море од почетокот на годината го намалија транспортот преку Суецкиот канал за 42 отсто од врвот забележан во првата половина на 2023 година, соопшти Трговската конференција на Обединетите нации и развој.

Цените на транспортните контејнери на стоки од пристаништето во Шангај до Европа се зголемија во просек за 256 отсто од почетокот на декември 2023 година до крајот на јануари 2024 година. Крајните корисници сè уште не ги почувствувале целосните последици од оваа ситуација.

Бродовите кои носат стока сега наместо по Суецкиот канал, минуваат покрај Кејп Добра Надеж, кој се наоѓа во најјужниот дел на Африка односно по подолгиот пат.