Преглед на вести од светот
НАД 90 ЗАГИНАТИ ВО ГАЗА, ПОГОДЕНА СТАНБЕНА ЗГРАДА
Израел не запира со воздушните напади врз северниот дел на Појасот Газа. Најмалку 93 Палестинци се убиени во еден од утринските напади во градот Беит Лахија соопшти палестинската служба за цивилна заштита. . Била погодена станбена зграда. Пред три недели Израел ги интензивираше нападите во Северна Газа за да како што рече премиерот Нетањаху го спречат Хамас да се прегупира. ОН и САД со порака до Тел Авив– да го повлече законот со кој се забранува агенцијата на ОН за палестински бегалци УНРВА на теритотијата на Израел. Законот, само ќе ги продлабочи страдањата на Палестинците, особено во Газа . Нашата агенција повеќе нема да може да ги испраќа пратките со хуманитрана помош во Газа преку Израел, изајви првиот човек на ОН Гутереш. Потесети и дека Израел ја контролира палестинската страна на граничниот премин Рафа на границата со Египет. Загрижени се и жителите на енклавата.
Израелските власти соопштија дека оперативни на Хамас се вработени во УНРВА и ги коирстата капаците на агенцијата во Газа. Порачаа дека ќе обезадат помош за Газа преку други меѓуанродни агенции.
БАЈДЕН ГЛАСАШЕ ЗА НЕГОВ НАСЛЕДНИК, ВО ПОДМЕТНАТИ ПОЖАРИ ВО ГЛАСАЧКИ КУТИИ ИЗГОРЕА ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИЊА
Актулениот претседател на САД им се придружи на голем број Американци кои ја искористија можноста пред време да гласааат на претседателките избори закажани за 5 ноември. . Џо Бајден за негов наследник гласаше во неговата матична држава Делавер. Својот глас го даде за Камала Харис . Нејзин ривал е Доналд Трамп.. До вчера гласале повеќе од 43 милиони луѓе соопшти федералната изборна комисија. Во сојузните држави Орегон и Вашингтон избувнаа пожари во кутии за собирање на предвремени гласови. Изгореа стотина гласачки ливчиња. Според ФБИ пожарите во Орегон и Вашингтон се подметнати и дека се поврзани. Сите гласачи погодени од овие инциденти ќе им се даде можност повторно да гласаат, соопшти федералната изборна комисија.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар