-->
-->
Прегазена жена во Скопје
-->
Прегазена жена на скопските улици. Вчера во 09.00 часот било пријавено дека на крстосницата од бул. „3-та Македонска Бригада“ и ул. „Венијамин Мачуковски“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Опел Вектра“ со скопски регистерски таблици, управувано од М.И.(55) од Скопје удрило во пешак С.Т.(67) од Скопје, а потоа во бетонска жардиниера.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.Т. која со возило на Брза помош била пренесена во Ургентниот центар-Скопје и била задржана на понатамошно лекување на Клиниката за Трауматотлогија.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска