Македонија
19. October 2025 - 12:51

Прегазена 74-годишна жена во Ресен

На 18.10.2025 во 10:40 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Ресен, патничко возило „форд“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(68) од Ресен, удрило во пешакот, 74-годишната Ф.Ј. од Ресен. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Ј., констатирани во Клиничка болница Битола, соопшти МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.