Предупредувачки штрајк на вработените во образованието во Србија
– Вработените членови на Синдикатот за образование на Србија денеска ќе одржат предупредувачки штрајк – нема да се одржи првиот час во прва смена и првиот час во втора смена, соопштија вчера од синдикатот.
Во соопштението се наведува дека барањето на штрајкувачите е српската влада да почне да го применува Законот за плати на вработените во јавниот сектор (платни групи и оценки) од 1 јануари 2022 година и доколку не почне примената на тој закон за сите вработени во образованието, да биде зголемена платата за 15 отсто. Образовниот синдикат на Србија бара и изедначување на цената на трудот за сите дејности во образованието, формирање паралелки со помал број ученици во основните и средните училишта, како и стручни соработници и ненаставен кадар финансиран сразмерно на број на часови.
„Вработените во образованието речиси две години работат во тешки пандемични услови и го одржуваат образовниот процес во вонредни околности. Не е познат бројот на болни вработени и ученици, а Владата и Министерството за образование, наука и технолошки развој се глуви на апелите на синдикатот дека просветните работници се материјално и професионално понижени“, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
-
Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
-
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?
-
Вештачката интелигенција „ги изеде“ јуниорските работни места: Како сегашните и идните студенти да се подготват за новата реалност?