Предложен куќен притвор за лице осомничено за задоволување полови страсти пред друг
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднел Предлог за определување мерка куќен притвор против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило неколку кривични дела „задоволување на полови страсти пред друг“ од член 190 став 1 од Кривичниот законик.
- Во пет наврати осомничениот 30-годишник на различни локации во Скопје, во автобуси и влезови од згради, се самозадоволувал пред девојки со што го сторил наведеното кривично дело, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија
Предлогот за куќен притвор е поднесен бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело против морал кое постои опасност да го повтори.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта