Предлог за притвор за косовски државјанин за давање поткуп на полициски службеници на Блаце
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против косовски државјанин за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Давање поткуп од член 358 став 1 од Кривичниот законик и до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Како што информираат од ОЈО, осомничениот 56-годишник, утринава бил лишен од слобода на граничниот премин „Долно Блаце“, при излез од земјава кон Република Косово, кога им дал поткуп од 50 евра на полициските службеници кои вршеле проверка на неговото комбе. Парите ги ставил во неговата патна исправа, обидувајќи се да го убеди раководителот на смена на граничниот премин да го пропушти на излез без проверка на возилото. Трговската стока што ја пренесувал во комбето, по наредба на јавен обвинител е фотографирана и предадена на Царинската управа за натамошна постапка.
-Оценувајќи дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што станува збор за странски државјанин, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО.
Ново на Сител
-

Најстудено во Берово, најтопло во Виница
-

Украински власти: Двајца убиени, шестмина повредени во руските напади врз Киев
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Мицкоски ќе додели решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување
-

Извештај на ОН: Еден фемицид на секои 10 минути во светот
-

Зеленски: Со претседателот Трамп ќе бидат разгледани најчувствителните прашања од мировниот план
-

Трамп иницира постапка за прогласување делови од „Муслиманско братство“ за терористички организации
-

Променливо облачно, наутро студено, од среда пообилни дождови
