ПРЕД И ПОТОА: Новиот кружен тек меѓу Автокоманда и Железара
Скопје доби нов кружен тек помеѓу населбите Автокоманда и Железара чие официјално пуштање во употреба ќе биде денес во 11 часот. Видеото од новиот кружен тек на кое се прикажани делови од изградбата на истиот го објави градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на социјалната мрежа Фејсбук.
Новиот кружен тек меѓу улиците „16. Македонска бригада“ и „Коце Металец“, ќе придонесе за поубав лик на оваа локација, но што е уште поважно, и за побрзо и побезбедно одвивање на сообраќајот.
Во самиот кружен тек се формирани две сообраќајни ленти со вкупна ширина од 9 метри, а како дел од овој проект се изврши и реконструкција на коловозот на улиците „16.Македонска бригада“ и „Коце Металец“ на потег со вкупна должина од 630 метри.
Поставена е и атмосферската канализација, завршено е поставувањето на уличното осветлување, а на тротоарите се наредени и бектон- плочките.
На изградбата на новиот кружен тек меѓу улиците „16.Македонска бригада“ и „Коце Металец“ работеа екипите на градежната компанија „Бауер БГ“. Градот Скопје за овој градежен зафат потроши околу 45 милиони денари.
Ново на Сител
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-
Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-
Сончево и топло, попладне услови за дожд