Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес

Патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 48-годишната Р.Т. од Велес, вчера околу 16:20 часот на улица „Димко Најдов“ излетало од патот и завршило на пругата кај Стар Мост во Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле 48 годишната Р.Т. и нејзината 11-годишна сопатничка од Велес, констатирани во Ургентен центар при Општа болница Велес, информираат денеска од СВР Велес.
Извлекувањето на автомобилот било со помош на транспортно железничко средство кај Стар Мост.
На местото на сообраќајката увид извршила увидна екипа на Сектор за внатрешни работи Велес.
Како што информира за МИА, д-р Ванчо Граматов портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, кај 11- годишното девојче, лекарите од велешката болница по направените рендген снимања констатирале тешка телесна повреда - скршеница на бутна коска. Поради сериозноста на здобиената повреда веднаш била транспортирана на Клиниката за детска хирургија во Скопје при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Кај нејзината мајка биле констатирани полесно здобиени повреди на колк. Таа е сеуште на лекување на Одделение за хирушки болести во Општа болница Велес.
МИА
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
