Пречистителна станица за отпадни води во Скопје до 2025, ќе се инвестираат 136,73 милиони евра
До 2025 година треба да биде изградена пречистителна станица за отпадни води во Скопје за што ќе бидат инвестирани 136,73 милиони евра од кои дел се заеми од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка.
Пречистителната станица ќе опслужува над 500 илјади жители, а отпадните води ќе се третираат согласно европските стандарди. На годишно ниво, новата пречистителна станица ќе третира 51,3 милиони м3 непреработена отпадна вода. Пречистителната станица ќе покрие девет од 10-те скопски општини.
Од Европската банка за обнова и развој обезбедени се 58 милиони евра, а од Европската инвестициска банка 68 милиони евра и дополнителни 10 милиони инвестициски грант, обезбедени од Иницијативата за економско зајакнување на ЕИБ.
Во реализацијата на проектот ќе бидат вклучени Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
– Обезбедуваме средства за трајно решавање на проблемот со отпадните води. Со потпишување на договорите за изградба на пречистителна станица, покажуваме дека сме фокусирани на заштитата на животната средина. Инвестираме 136,73 милиони евра во проект кој му е итно потребен на главниот град затоа што со зголемувањето на населението, урбанизацијата и брзата индустријализација контунирано се зголемува количината на непречистени води што домаќинствата и фирмите ги испуштаат во Вардар, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на денешното потпишување на договорите.
Според министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, ова е еден од најголемите проекти во областа на животната средина со кој ќе се заокружат напорите на земјата за решавање на проблемот со отпадните води во главниот град.
Нуредини потсети дека со поддршка од Европската унија завршена е изградбата на пречистителните станици во Прилеп, Радовиш, Струмица и Кичево, а започната е изградбата на вакви станици и во Битола и Тетово за кои е предвидено финансирање во рамки на ИПА 2 инструментот.
ЕБОР и ЕИБ, чии претставници заедно со евроамбасадор Самуел Жбогар денеска присуствуваа на потпишувањето на договорите, изразија надеж дека со реализацијата на овој проект ќе стане еколошки почиста животната средина и ќе се подобри животот на граѓаните во главниот град.
Пречистувањето на водата беше идентификувано како една од најитните приоритети од Акциониот план за Зелени градови.
Ново на Сител
-
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно
-
Николоски по ратификацијата на договорот: Ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење
-
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран
-
Малолетник приведен за пет тешки кражби