Македонија
28. May 2025 - 20:52

Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски го поздрави донесувањето на Законот за ратифијкација на Договорот за меѓу Владите на Македонија и на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти.

-Помина во Собрание Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Ова е силно сојузништво со една од најсилните држави. Ова носи економски и политички придобивки за заедничката иднина на сите наши граѓани! Промените се случуваат, напиша премиерот Мицкоски на неговиот официјален фејсбук профил.

Собранието попладнево во рамки на 52. седница со 76 гласа „за“, шест „против“ го донесе Закот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти.