Пратеникот Влатко Ѓорчев им помагаше на жителите на Драч
Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ кој инаку е татко на четири дечиња, отиде во Драч да помогне по катастрофалниот потрес од 6.4 степени по Рихтер.
- Солидарност со Драч. Држете се! Важно е да се помогне во Драч. Има загинати и повредени, а штетите се ГОЛЕМИ. Денес бев таму и помогнав колку што можев. Бев на конференција во Тирана со учесници од целиот Балкан, но ги видивме вестите. Слушнавме дека е потребна помош и отидовме во Драч. Растоваривме два камиони со вода, сокови, кутии со храна... Ако треба, ќе учествуваме во расчистувањето на урнатините. Тажна глетка, со човечки трагедии, но и многу луѓе кои сакаа да помогнат, многу добри дела, човечност. На Балканот мора повеќе да си помагаме. Скопје е град на солидарноста. Град изграден од пепелот на земјотресот. Наша обврска е да помагаме, а Македонија е добар сосед, напиша тој и сподели фотографии на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ
-
Левица објави 5 кандидати за скопските општини
-
Лекарска комора ќе прави вонреден стручен надзор по добивање на документацијата за 8-те сомнителни случаи
-
Вардариште повторно гори, партиите се препукуваат