Пратениците расправаа за избор на заменици на генералниот секретар на Собранието

Пратениците од Собранието на Република Македонија на четвртото продолжение на 8. седница денеска расправаа по предлог одлуката за именување на функцијата заменици на Генералниот секретар на македонското Собрание.
Според пратениците од опозицијата изборот на петмина заменици на генералниот секретар на македонското Собрание е создавање дополнителни трошоци и задоволување на внатрепартиски и коалициски пресметки. Побараа да се запре постапката, да се смени Законот за Собранието на РМ, и да се предвидат процедури и критериуми за избор на заменици на генералниот секретар.
Пратеникот Аџиески Костадин од Коалицијата на СДСМ, рече дека функционирањето на пет заменици Генералниот секретар ќе значат поефикасно Собрание, а ќе чинат помалку од еден фрагмент од еден споменик од проектот Скопје 2014.
Заменик координаторот на пратеничката група на Беса Фадил Зендели, рече дека дебатата има правен проблем, бидејќи кандидатката Ермира Асани Салија, предложена од партијата веќе има друга функција, односно е член на Државната изборна комисија.
- Ова е правен проблем, а не процедурален и како таков е спорен да се разгледува, бидејќи има еден кандидат кој се повлекува. Мора да се оди со нов предлог на Комисијата за избори и именувања и повторно да се врати потоа на Собрание и да се одлучува како целина, рече Зендели.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, посочи дека нема правен проблем бидејќи Собранието треба поединечно да се изјаснува за кандидатите, како и дека Ермира Асани Салија писмено поднела изјава дека се повлекува од изборот на заменик секретар.
Другите двајца канидидати кои ги предложи Комисијата за прашањата на избори и именувања се Мики Милковски и Маријана Кацарска
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
