Пратениците по паузата треба да гласаат за Буџетот за 2020
Собранието денеска петти ден расправа по Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година, а согласно деловникот расправата треба да заврши денеска и пратениците во 16 часот треба да гласаат по единствената точка од дневен ред.
По расправата во која беше повторен ставот на опозицијата дека буџетот е неразвоен и претставува предизборно купување на граѓаните, а владејачките партии истакнаа дека е во согласност со растот на домашната економија и е во насока на фискална стабилизација, прогласена е пауза, а седницата ќе продолжи во 15 часот.
Проекцијата на државната каса за идната година изнесува 3,9 милијарди евра, приходите се планирани на 3,6 милијарди евра, а расходите на 3,9 милијарди евра. Капиталните инвестиции се проектирани на ниво од 23,6 милијарди денари, економскиот раст се предвидува да биде 3,8 отсто, а инфлацијата да се држи на ниско ниво од 1,7 отсто.
Буџетскиот дефицит за 2020 година е предвиден на ниво од 2,3 отсто од БДП, што е пониско од нивото во 2019 година кога изнесуваше 2,5 проценти, согласно со Фискалната стратегија 2020-2022 и препораките на меѓународните организации. Дефицитот е намален и во апсолутно ниво за 160 милиони денари и изнесува 17 милијарди 385 милиони денари.
Во фокусот на буџетот за наредната година е човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.
Собранието денеска треба да го донесе и Предлог законот за извршување на Буџетот за 2020 година.
Ново на Сител
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава