Пратениците од утре се враќаат на работа
Пратениците од утре почнуваат со работа по годишниот одмор што го користеа од 18 месецов. За утре е закажана седница на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.
На дневен ред се извештаи за работата на Управата за безбедност и контраразузнавање за 2016 година и на Агенцијата за разузнавање.
Пленарна седница е закажана за 4-ти следниот месец, а на која пратениците треба да расправаат за Предлогот за огласување именување Јавен обвинител на Република Македонија.
По разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, Владата на 22 месецов донесе заклучок да му предложи на Собранието на Република Македонија да го огласи именувањето Јавен обвинител на Република Македонија.
Постапката се спроведува согласно член 41 од Законот за Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица