Познато што се случило со момчето пронајдено починато кај Демир Капија
По извршениот увид полицијата го потврди идентитетот и информира дека 25 годишниот Коста С. од Кавадарци вчера управувајќи мотор „Хонда“ изгубил контрола, излетал од коловозот и починал на лице место.
Младото момче вчера беше пријавено за исчезнато. Неговото тело утринава околу 5:40 часот беше пронајдено на местото викано „Прждевски Споменик“ во близина на патот Демир Капија-Неготино.
На социјалните мрежи вчера се споделуваше информацијата за неговото исчезнување. Според пишувањата на истите, Коста последен пат бил виден на собир со мотори, од каде заминал со моторот, по што му се губи трагата. Негови пријатели и блиски се организирале и го пребарувале теренот речиси 10 часа, по што момчето беше пронајдено починато.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче