Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта
По два БТР и „хермелини“, четири „пинцгауери“ и повеќе противпожарни возила и ноќва ќе се фокусираат на одбрана на објектите на Јавното претпријатие „Јасен“, информираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Тој во видео-изјава објавена на „Јутјуб“ рече дека во моментов, освен пожарот што веќе неколку дена беснее на територија на ловиштето „Јасен“, во државата нема други сериозни пожари.
- За жал, долниот дел што се простира под патот што од ловиштето „Јасен“ води кон езерото Козјак, а понатаму кон општината Македонски Брод, е сè уште активен. Има голема зачаденост. Набргу, со стемнувањето ќе може да се видат на некои места и пламени јазици затоа што огнот на некои места се одвива во борова шума, рече Ангелов.
Тој појасни дека денеска биле загрозени и објектите на ЈП „Јасен“, но, како што нагласи, благодарение на брзата и енергична акција, огнот бил спречен да се прошири.
- Денеска тие се наш приоритет за одбрана бидејќи од задната страна постои опасност огнот да се приближи кон овие објекти. Затоа, одбраната ја засиливме со уште два „БТР“-и на ДЗС. „БТР“-ите се стратешки распоредени, односно на позиции од каде што ќе можат да дејствуваат врз пожарот доколку истиот се упати кон објектите на ЈП „Јасен“. На лице место, покрај овие два „БТР“-и, се наоѓаат и четири „пинцгауери“ и два „хермелини“ на Дирекцијата, но, истовремено имаме и повеќе противпожарни возила, додаде Ангелов.
Ново на Сител
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена