-->
-->
Пожарот во Крушевско се гасне со хеликоптери на АРМ
-->
Се уште не е ставен под контрола пожарот околу населените места Норово и Алданци, Крушевско што беснее деновиве, информираат од крушевската локална самоуправа.
Пожарот е проширен кон месноста Трстеник во близината на манастирот „Свети Спас“, а во моментов на теренот се три хеликоптери на АРМ кои учествуваат во гаснењето.
Во гаснењето со дополнителни сили и средства се Територијалната противпожарна единица од Крушево и од Дирекцијата за заштита и спасување како и од крушевската локална самоуправа.
Крушевскиот градоначалник Томе Христоски упатува благодарност до АРМ за подготвеноста и помошта што им е дадена со хеликоптерите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава