Пожарот се приближува кон кочанското село Врбица
Пожарот кој од вчера беснее во Општина Чешиново-Облешево, а утринава влезе и во Општина Пробиштип попладнево се доближи на сто метри воздушна оддалеченост од кочанското село Врбица, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој е во селото.
Посочува дека ова село и пред десеттина дена исто така беше во опасност од огнените јазици, а во моментов на терен се, како што вели, пожртвуваните кочански пожарникари и доброволци.
Во атарот на Општина Пробиштип исто така на терен се и пожарникарите од ТППЕ-Пробиштип и доброволци, кои пред неколку часа со контрапожар не дозволија огнот да влезе во селото Трипатанци.
МИА претходно информираше дека во гаснењето на овој пожар од утринава се вклучени и ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и два полициски хеликоптера. Станува збор за голема опожарена површина, во која горат сува трева, нискостеблести растенија, но и шума.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Солидарноста не е кампања, туку начин на живеење
-
Компани по ремито со Дортмунд: Можевме да одиграме подобро
-
Приведено момче од Тремник, со остар предмет нападнал неготинец
-
Николовски-Лугалиу: Заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце - Елез Хан
-
ЦУК: Седум пожари на отворено во последното деноноќие, се уште не е пронајдено исчезнатото повозрасно лице од село Степанци
-
Леброн Џејмс ја прекина неверојатната серија која траеше 20 години
-
ФЕИТ ги отвори вратите за идните студенти
-
Волкановски го врати УФЦ појасот и го собори рекордот во „перо“ категорија