-->
-->
Пожарот на Водно целосно изгаснат
-->
Пожарот на Водно кај Теферич е целосно изгаснат, а во текот на ноќта на терен беа останати дежурни екипи.
Командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски утрово изјави дека пожарот е изгаснат уште синоќа и оти е интервенирано со 13 цистерни.
Пожарот кај Теферич избувна вчера попладне, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше ставен под контрола и немаше опасност од негово проширување.
Во околината на Теферич имаше пожар и на 21 јули годинава. Тогаш беа зафатени сува трева и грмушки на околу 3.000 метри квадратни. бак/са/08:09
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро