Пожарот меѓу Богданци и Дојран делумно ставен под контрола

Делумно е ставен под контрола пожарот меѓу Богданци и Дојран што избувна денеска на пладне на планината Карабалија, во атарот на селото Селемли, во близина на границата со Грција.
Како што изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, горат уште два краци.
-Со дејствување на двата авиона „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), но и на локалните пожарникари од Гевгелија и Дојран, спречено е проширување на пожарот кон полето, рече Ангелов.
Според него, големиот пожар е на линијата на фронтот од Првата светска војна и досега се слушнале дваесетина детонации од експлозивни направи и истрели од куршуми од голем калибар.
-Тоа го усложнува гаснењето на пожарот, бидејќи ја загрозува безбедноста на пожарникарите, но и на леталата. Авионите пристапуваат внимателно и исфрлаат вода од повисоко, додаде Ангелов.
Во прилог на гаснењето на пожарот оди и ветрот кој го насочува огнот кон изгорените делови и, според директорот на ЦУК, има можност во наредните неколку часа пожарот целосно да биде локализиран.
Ново на Сител
-

Кочани е првата општина во државата со бесплатен интернет за сите
-

Синдикалната кошничка во февруари поскапа за 965 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
