Пожарникарите му ги кажаа проблемите на заменик министерот Павлески
Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески денеска имаше средба со раководството на Независниот синдикат на пожарникари на Македонија (НСПМ). На средбата се разговараше за огромниот број на проблеми со кои се соочуваат пожарникарите во Република Македонија, соопшти Министерствотом за локална самоуправа.
Претставниците на НСПМ како најголеми проблеми со кои се соочуваат при нивното работење ги посочија проблемите со начинот на финансирање на нивната служба, тенденцијата на намалување на бројот на пожарникари во Република Македонија, потребата од законски измени во Закон за пожарникарство, како и слабата и застарена техничка опременост на припадниците на територијалните против пожарни единици (ТППЕ) во Република Македонија.
Заменикот министер Дејан Павлески го потенцираше значењето на ТППЕ како битен сегмент за функционално и безбедно општество, при што ја изрази својата подготвеност преку координација со сите надлежни институции да се започне процес на решавање на проблемите и подобрување на состојбите во оваа област.
Ново на Сител
-
Уште една жртва на пожарот во Кочани
-
СДСМ: Истрагата за пожарот е селективна
-
Студентите бараат поевтини автобуски карти за градовите од внатрешноста до Скопје и назад
-
Буково повторно гори
-
Водостојот на р. Брегалница двојно зголемен, но недоволно за да се наполни брана „Калиманци“
-
Преглед на вестите од светот
-
Аналитичарите со поделени мислења по лидерската средба
-
Тема на денот со Васил Стерјовски, Македонска алијанса за европска интеграција