-->
-->
Пожар во скопската населба Лисиче - 7 пожарни на терен
-->
Пожарникарите за кратко време успеале да го локализираат пожарот кој вечерва пред 22 часот избувнал во скопската населба Лисиче. Според првичните и се уште неофицијални информации, пожарот зафатил две куќи.
Избувнал во покривната конструкција на една барака и брзо се проширил на соседниот објект.
Брзата реакција на пожарникарите спречила огнот да се прошири на соседните куќи.
На терен се интервенира со 7 противпожарни возила. Иако може да се забележи и возило на Брза Помош, според се уште неофицијалните информации нема повредени, бидејќи луѓето кои живееле во куќите излегле кога забележале оган.
Според првичните претпоставки, причина за пожарот ќе се бара меѓу електричната инсталација и греењето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче - се презентираат видео снимки од домот на обвинетиот Манев
-
Безбеден град: И полициски возила со паметни камери ќе детектираат погрешно паркирање
-
21-ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-
СДСМ: Зошто уште не е формиран инспекторат за употреба на македонскиот јазик?
-
Нелојална конкуренција – проблем за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд