-->
-->
Пожар во атар на росоманско Рибарци, пожарникарите апелираат на внимателност
-->
Пожар избувна попладнево во атар на росоманското село Рибарци. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци апелираат на внимателност.
– Горат шамак и сува трева. Апелираме на внимателност бидејќи секој пожар ја загадува околината. На терен сме тројца пожарникари со едно противпожарно возило, рекоа за МИА од противпожарната единица.
Оттаму исто така потсетија дека во овој период од годината, поради невнимателност, многу често горат контејнери, откако поединци исфрлаат во нив пепел и жар по греење со дрва. Пожарникарите нагласија дека има посебни канти за пепел, кои сите што се греат на дрва треба да ги користат, со цел да се надмине овој проблем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица