Свет
21. July 2016 - 13:31

Повторно пукање во Истанбул - полицаец отворил оган во Истанбулскиот трговски универзитет

Полицаец вработен на Истанбулскиот трговски универзитет, денеска отворил оган кон свои колеги, кои дошле со налог да го апсат, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Според информациите, се работи за човек од обезбедувањето на ректорот Назим Еркен.

Тој одбил мирно да се предаде и започнал да пука кон полицијата, со што на Универзитетот започнала престрелка.

Осомничениот се предал дури кога на местото пристигнале и членови на специјалните единици на полицијата.