Преглед на вестите од светот
Полицаец е застрелан со самострел додека ја обезбедувал израелската амбасада во Белград. Со стрелата во вратот успеал да го извади пиштолот и да го убие напаѓачот. Информациите ги сподели српскиот министер за внатрешни работи кој рече дека станува збор за терористички напад
Полицаецот е префрлен во болница и се наоѓа надвор од животна опасност. Поради опасност од теростирчки напад Србија го подигна нивото на безбедност на сите значајни објекти и места каде што има голема фрекфенција на граѓани. Уапсени се повеќе лица и се работи на откривање на мотивот на напаѓачите.
Ако сака да и служи на државата Претседателот Бајден треба да ја напушти Претседателската трка. Остри критики од уредувачкиот борд на Њу Јорк Тајмс по претседателската дебата во четвртокот која аналитичарите очекуваат да има големо влијание врз изборите на 5 ноември.
„Има демократски лидери подобро подготвени да презентираат чиста, привлечна и енергична алтернатива на вториот мандат на Трамп. Премногу е да се обложувате само на надежта дека Американците ќе ги заобиколат годините и психофизичката немоќ на Бајден пред она што го гледаат со свои очи“ – се вели во коментарот на уредниците на угледниот њујоршки весник кој јавно му даде поддршка на Бајден додавајќи дека весникот ќе го поддржи дури и ако реши да остане во претседателската трка.
Една ноќ во јуни не може да ги реши изборите, порача вчера на митинг во Невада демократската потпретседателка Камала Харис која се споменува како можна алтернатива ако Бајден реши да се повлече. Таа му даде силна поддршка на актуелниот американски претседател кој пак призна дека имал лоша ноќ во студиотот на Си Ен Ен
Трамп вчера имаше митинг во Вирџинија од каде порача дека осудените за нападот на Капитол треба да бидат ослободени
Франција е на помалку од 24 часа пред вонредните парламентарни избори кои Претседателот Макрон ги предизвика по катастрофата која што ја дожвиеа на изборите за Европскиот парламент. Одлуката на Макрон ги изненади дури и неговите најблиски сојузници а во француската експертска јавност се доживеа како голема коцка која Макрон може да го направи брилијантен политички стратег или најголем губитник.
Партијата на Марин Ле Пен и 28-годишниот Џордан Бардела, кој би можел да биде следниот премиер, ја зацврсти својата предност во анкетите откако на европските избори му го нанесе најтешкиот пораз на Макрон. Анкетите покажуваат дека десничарите имаат поддршка кај повеќе од 36% од гласачите, пред коалицијата на централно левиот фронт која ја поддржуваат 29% и партијата на премиерот Атал кој ја има поддршката од Маркон и 20% од гласачите.
Франција има мнозински изборен систем кој низ два изборни круга треба да пополни 577 пратенички места во националното Собрание. Првиот круг е утре, вториот, идната недела на 7 јули.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар