Повредени три лица откако автомобил „шкода“ удрил во паркирано полициско возило кое вршело увид
„Шкода фелиција“ удрила во полициско возило, кое било паркирано, бидејќи полицијата вршела увид за друг настан на автопатот Куманово - Табановце, соопшти денеска СВР Куманово. Во сообраќајната несреќа повредени биле возачот на „шкодата“ и тројца негови сопатници, меѓу нив и малолетно лице.
- Вчера во 20: 50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Табановце, патничко моторно возило „шкода Фелиција“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(41) од село Никуљане, Куманово, удрило во службено возило на МВР, кое било паркирано поради вршење на увид за друг настан. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „шкода“, сопатниците Р.Б., А.Б, и еден малолетник, констатирани во општа болница Куманово, соопшти СВР Куманово.
И регионалниот центар за управување со кризи, пренесе информација од Итна помош Куманово која интервенирала на автопатот во близина на „Бедински мост“. Итната помош интервенирала врз жена која паднала во бессознание.
- Пријавено било од дежурната служба од СВР Куманово, по укажаната лекарска помош, лицето е префрлено во Ургентен центар Куманово на понатамошно лекување, соопшти РЦУК Куманово.
Екипа од СВР Куманово извршила увид во сообраќајката. Сообраќајот на оваа делница, вчера беше во прекин.
Ново на Сител
-
Променливо облачно со сончеви периоди, во среда повремени врнежи од дожд
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО